ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ПРОЕКТОТ SOS Creativity

КОНТЕКСТ

ИКТ значајно придонесува за промени во нашиот секојдневен живот претворајќи ги писмата во е-пошта, пазарувањето во on-line шопинг, апикации и автоматски одговори како техничка поддршка на клиентите, а особено во областа на културата, голем дел од содржините сега се достапни на Интернет, бесплатно да се користат и уживаат, но сепак недостатокот на вештини и онлајн свесноста, честопати ги спречуваат возрасните корисници да имаат придобивки од културните понуди на Интернет.

Достапноста на интернетот со сигурност ги подобри и забрза нашите животни услови и квалитетот на животот, но интернетот има и мрачна страна, земајќи ги во предвид појавите како спамирање, малициозни софтвери, хакирања, фишинг/замки, напади како негирање на услуги, измами со кликање, нарушување на приватноста, клевети, измами, повреди на правата на дигитална сопственост, итн. Вкупната вредност на трансакциски измами на годишно ниво изнесува 1,8 милијарди евра, според најновите извештаи на Европската централна банка (ЕЦБ) и Европскиот центар за компјутерски криминал на Еуропол (EC3), Тренд Mикро и Европол ја истакнуваат зголемената софистицираност на сајбер криминалците во смисла на тоа како се планираат и оркестрираат нападите.

Поизложена категорија се возрасните корисници на дигитална технологија. Едно истражување спроведено од Лојдс банка во 2019 година пресметало дека еден измамник прави над 2500 фунти на луѓе на возраст под 34 години, но тоа е многу полошо за оние над 55 години, со просечно украдени скоро 11 илјади фунти поединечно. Помеѓу нив се оние меѓу 45 и 54 години со изгубени 3.500 фунти.

Иако брзо-растечката група луѓе на возраст од 65 години и повеќе во Европскиот регион претставува богат културен багаж на искуство, вештини, придонеси и посебни потреби, постарите луѓе треба да се соочат со клучен предизвик: справување со општество каде сè оди побрзо и патува со просечна брзина на пропусен опсег од 5 Mbps, останувајќи отсечени од општеството и културната понуда преку интернет.

КАКО ДА

Во сè повеќе ИТ управувано општество со население кое старее, SOS Creativity е дизајниран да го поддржува развојот на клучните ИТ вештини за возрасните да можат да ги користат културните понуди и уметнички содржини достапни на Интернет, истовремено зголемувајќи го нивото на свесност кон потенцијалите и ризиците од мрежата, како што се фишинг/замки, измами, лажни вести, инвазија на приватноста, клевети и сл. што може да се појават при навигација по бесплатна веб-страница или плаќање за да се претплатите на некои културни содржини или дури и во потрага по книги за читање на Интернет.

Да се биде во согласност со секторскиот приоритет на ЕУ поврзан со промовирање на Еразмус плус меѓу сите граѓани и генерации, вклучително и преку нудење активности за едукација и размена на искуства на постарите лица, со цел градење и додавање цврстина на европскиот идентитет, SOS Creativity се осврнува на прашањата кои целосно реагираат кон транснационалната перспектива на ЕУ во однос на социјалното вклучување и благосостојба на постарите лица, и оттука не може да се земе во предвид како изолиран индивидуален национален контекст. Покрај тоа, овој проект има за цел развој на вештини и компетенции кај возрасните за поддршка на креативноста и нејзината експлоатација, во неформално образование за зајакнување на меѓу-секторската соработка.