ВЕСТИ

2022-04-19

S.O.S Creativity Трет проектен состанок одржан онлајн

На 19 април 2022 година, SOS CREATIVITY конзорциумот учествуваше на третиот транснационален проектен состанок. Проектот кој трае 24-месеци е финансиран од Програмата Еразмус плус на Европската комисија. IT Web Solutions од Шпанија е координатор на проектот.

Партнери од Шпанија, Франција, Република Северна Македонија, Белгија, Полска и Италија учествуваат во овој Еразмус+ проект наменет за возрасни лица кои би сакале да ги подобрат своите дигитални вештини се: заостанати дигитални вештини.

По официјалниот поздрав од координаторот, беше претставена ОЕР Платфромата (https://www.soscreativity.eu/ ) со преглед на сите интелектуални резултати развиени досега и достапни на 6 јазици (Англиски, Шпански, Италијански, Македонски, Полски и Француски), беа презентирани активностите за дисеминација спроведени на локално, национално и европско ниво.

 

Главна цел на состанокот беше презентација на Планот за тестирање и валидација, дел од интелектуалниот резултат 4 во кој конзорциумот ќе обезбеди бесплатни курсеви за обука  за да им овозможи на возрасните лица да имаат корист од културните и уметничките онлајн содржини, ресурси и активности во целосна безбедност, да бидат свесни за ризиците од навигација и преземање на такви ресурси. Тестирањето и валидацијата ќе се реализираат во соработка со придружните партнери, така што тие ќе ја интегрираат S.O.S. Creativity oбуката во нивните редовни активности и на тој начин ќе ја промовираат социјалната и културната вклученост. Секој партнер ќе собира и анализира повратни информации со коментари и збирни податоци. Овие повратни информации ќе ја формираат основата за следната активност адаптирање на курсевите и упатства за идна употреба.

 

Овој проект како и големиот ентузијазам од проектните партнери ги поддржуваат возрасните лица во оваа постпандемиска ера на КОВИД-19, во која Интернетот има поголемо влијание дури и на личните односи.