РЕЗУЛТАТИ

SOS АЛАТКА ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ

Иновацијата лежи во создавање на патека за учење од прилагодени курсеви насочени кон возрасни и постари лица во специфична област на уметност, култура и креативност. Крајните корисници ќе се чувствуваат целосно водени во неформална едукативна патека уште од самиот почеток на нивното искуство со проектните резултати и активности. Навистина, SOS Creativity се покажа како иновативен со својата ОЕР платформа која вклучува „SOS алатка за самооценување“: алгоритам што ќе го пресмета нивото на свесност за ИТ ризиците на корисниците на целните групи во областа на достапните културни ресурси на Интернет. Индексот на ИТ ќе биде инструмент што им овозможува на возрасните да ја проценат нивната свесност во доменот на ИТ ризиците поврзани со културните понуди. Алатката за самооценување на SOS нема да биде статистички индекс, туку оперативна алатка за поддршка на развојот на насочени обуки за возрасни. Пристапноста и лесната употреба за корисниците ќе бидат клучни концепти во развојот на оваа ОЕР-платформа, ќе се спроведат функционалности од текст во говор со цел да се зголеми пристапноста до содржината и за неписмени или целна група слепи луѓе.

Тестирај се себеси


ОЕР МАПИРАЊЕ НА КУЛТУРНИ РЕСУРСИ

Целта на IO2 е да ги мапира бесплатните културни ресурси и алатки за креативност кои веќе се достапни на интернет во секоја од земјите партнери, како и да ги дефинира оние дигитални вештини и компетенции кои можеби ќе им требаат на возрасните ИТ корисници за да ги користат, за да можат да имаат длабока анализа на феноменологијата за степенот на дигитален јаз кај возрасни со ниски ИКТ квалификации.

Внимателен, но аналитичен (преку секундарни податоци) основен извештај на англиски јазик ќе биде изработен од секоја земја партнер за реалната состојба за да се развијат очекуваните цели и резултати. Во оваа фаза, потребно е да се продлабочи моменталната и посакуваната состојба со цел подобро насочување на активностите и содржината што треба да се развиваат во IO3. Затоа, тоа е подготвителна фаза за добивање јасна визија за содржината што треба да се развие и имплементира во IO3 за да се постигнат поставените цели.



ИЗВЕШТАЈ ЗА MАПИРАЊЕ ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ

Целта на оваа активност за мапирање од една страна е да се создаде културна архива и опсерваторија за нашите корисници и од друга страна да им се дадат алатки и дигитални вештини за да ги користат за да се обезбеди точност и релевантност на обуката што треба да се развие. Во рамките на овој резултат партнерите ќе:

  • Дефинираат глобален пристап, односно методологија што треба да се следи врз основа на веќе договореното за време на подготовката (општ обем и опсег на евалуација, општ методолошки пристап, поставување на истражувачки проект, време и редослед на специфична проценка и активности за анализа и сл.);
  • идентификување на извори и ресурси за проценка;
  • конципирање;
  • идентификување на критериуми за избор на целни групи што треба да бидат вклучени;
  • дефинирање на литература и извори за секундарно истражување;
  • анализа на документи: елементи кои треба да се издвојат во активноста за мапирање;
  • мапирање на бесплатни онлајн културни ресурси и алатки за креативност достапни на Интернет во секоја земја;
  • структура на алатки за известување и агрегација;
  • заедничка програма за истражување и примена;
  • дефинирање на заеднички алатки за анализа и обработка на резултатите.

Additional resources

Country note EU
Country note Spain
Country note Italy
Country note Poland
Country note France
Country note Macedonia

Download Aggregated report Download Executive Summary final


УПАТСТВА ЗА ИДНА УПОТРЕБА

Во финалната верзија на S.O.S Creativity заснована врз активности за тестирање и валидација, упатствата за идна употреба ќе произлезат од патеките создадени од Онлајн Културните и Креативните ресурси и Дигитална Свесност.

Ваквите упатства за идна обука ќе ја гарантираат преносливоста бидејќи тие ќе бидат алатка за насочување на предавачи и оператори за образование на возрасни кои имаат намера да се вклучат во процес на подигање на свеста и обука на возрасни ИТ корсници за посвесно користење на културните и креативните ресурси воопшто на интернет, и ризиците и можностите на социјалните медиуми како пропратен ефект.

Упатствата ќе се однесуваат на практични и организациски аспекти, како и на прашања од образовно-педагошки пристап и содржина. Tие ќе бидат од голема корист за поттикнување на воведување на SOS Creativity курсеви за обука во центри за стари лица или организации.