Интеракција со дигитална технологија за забава и култура


Форма за повратен одговор    |       Аудио    |    Превземете ја содржината / / / Игра




  VIDEOS



Интеракција со дигитални технологии за забава и култура

РЕЗУЛТАТИ И ЦЕЛИ Кликнете за да прочитате  

До крајот на овој модул, ќе имате можност:

 

  • Да се  запознаете со нови ИТ услуги за лична забава

Читање книги, уживање во музика, повторно гледање на вашиот омилен филм...

 

  • Да откриете нови решенија за дигитално плаќање

Сигурни и доверливи начини

 

  • Да ја погледнете рамката DigComp 2.1

Официјална рамка на ЕУ за образование и обука за дигитални вештини за сите граѓани на ЕУ

 

Индустрија за дигитална забаваКликнете за да прочитате  

Во последните неколку години дигиталните технологии многу го сменија начинот на кој ги користиме производите и услугите од забавната индустрија.

Во контекст на овој модул за обука, ќе се запознаете со вообичаените дигитални услуги за ваше уживање во слободното време - читање книга, гледање филм или слушање на вашиот омилен музичар.

Несомнено е дека услугите како YouTube, Netflix, Audible итн., го променија начинот на кој луѓето го поминуваат времето на Интернет и ги негуваат сопствените интереси/хоби.

Во денешно време, луѓето се навикнати на (удобно) и „брзо“ задоволство, што објаснува зошто таквите услуги имаат таков светски успех и признание.

Овие дигитални услуги ги елиминираат сите бариери за временско одложување од појавата на потреба, до нејзино непосредно задоволување.

Кината, библиотеките, театрите, музеите и слично, се заменуваат со нивните соодветни 2.0 онлајн замени.

Организациите кои припаѓаат на оваа традиционална индустрија (т.е. култура и забава), го следат трендот, бидејќи многу големи технолошки гиганти го направија овој тренд нивна основна дејност, со ризик целосно да ги засени.

Слоновите во собата – You TubeКликнете за да прочитате  

Кога станува збор за дигитална забава, YouTube нема конкуренција. Основана во февруари 2005 година од страна на Чад Харли, Стив Чен и Џавед Карим (поранешни вработени во PayPal), YouTube е платформа за споделување видеа која брои милијарди и милијарди корисници.

 

Веќе во 2006 година, Google го препозна неверојатниот потенцијал на YouTube и го купи за 1,65 милијарди долари. Ако имате било какво хоби, YouTube може да ви понуди илјадници и илјадници видеа за ваша забава.

Слоновите во собата – Prime VideoКликнете за да прочитате  

Каде што има бизнис можност, најверојатно во неа е вклучено и името на Џеф Безос. Prime Video е услуга на барање на Amazon.

Првично лансиран во 2006 година, до ден денес Prime Video има ексклузивно право на некои од најголемите холивудски блокбастери - како сагата за Џејмс Бонд - и спортски настани како УЕФА Лига на шампиони и УЕФА Суперкуп.

Слоновите во собата – NetflixКликнете за да прочитате  

Најголемиот конкурент на Prime Video, Netflix , останува една од најпознатите услуги за ТВ серии и забавни услуги на барање.

Низ годините, Netflix стана толку голем феномен што почна да произведува свои серии - од кои повеќето собраа огромен успех и популарни признанија.

Слоновите во собата – Disney PlusКликнете за да прочитате  

Лансиран во 2019 година, Disney+ е најновата видео услуга на барање, достапна на пазарот.

Забележувајќи го овој тренд, компанијата Walt Disney скокна во вагонот со „непропустливи“ наслови од Disney, се разбира, како и Pixar, 20th Century Studios Marvel, Lucas Films (издавач на Star Wars), National Geographic и многу други.

Слоновите во собата – Apple Tv+Кликнете за да прочитате  

Дури ни Apple не сe воздржа на искушението да ги истражи можностите на пазарот на видео услуги на барање.

Од лансирањето во 2019 година и масовната маркетинг кампања, Apple TV+ тврди дека има речиси 20 милиони претплатници само во САД и Канада.

Слоновите во собата – AudibleКликнете за да прочитате  

Во последните неколку години, феноменот што добива значителен интерес и привлечност кај пошироката јавност е претставен со аудио книги - книги што не ги читате во прво лице, туку слушате како некој ви ги чита.

 Купен во 2008 година од страна на Амазон за 300 милиони долари, со повеќе од 60.000 наслови, Audible е најголемиот понудувач на аудио книги.

 

Слоновите во собата – SoundcloudКликнете за да прочитате  

Заедно со видео стримингот, аудио стриминг платформите и подкастите, исто така претставуваат многу интересна индустрија. Soundcloud најпрво беше платформа go-to за надежни млади музичари, овозможувајќи им да ја промовираат својата музика и мрежа бесплатно, со останатите музичари низ целиот свет.

Иако основна дејност остана музичката индустрија, во текот на годините SoundCloud почна да биде привлечна платформа за аудио забава воопшто, вклучувајќи подкасти и емитување вести.

 

 

Слоновите во собата – SpotifyКликнете за да прочитате  

Кога зборуваме за споделување музика и подкасти, невозможно е да не го споменеме Spotify.

Spotify е услуга за уживање во прилагодена компилација од омилениот музички жанр, од вашата омилена историја, општа култура, кулинарски рецепти итн., наратор.

Слоновите во собата – iTunesКликнете за да прочитате  

iTunes е услуга на Apple Inc. Апликацијата претставува еден од најголемите дигитални пазари за музика.

Корисниците можат да ја чуваат и организираат својата дигитална библиотека по албуми и песни на многу интуитивен и лесен начин.

Индустрија за дигитална забаваКликнете за да прочитате  

Ако сте старомодни и не сакате да се откажете од задоволството на читањето, еве список на апликации за е-книги кои можете да ги земете во предвид:

•  Amazon Kindle App

•  Google Play Books

•  Apple Books

•  Barnes & Noble Nook

•  Kobo Books

•  Libby

•  FBReader

•  KyBook

•  FullReader

•  PocketBook Reader

 
Дигитален трансфер на пари

Најдобрите апликации за мобилни плаќања за 2021 годинаКликнете за да прочитате  

Поради COVID пандемијата, новите решенија за бесконтактни плаќања имаат експоненцијален раст во 2020 и 2021 година

 

Што претставува DigComp рамката?Кликнете за да прочитате  

Ако сметате дека ви е премногу тешко да бидете во тек со сите нови дигитални технологии, тоа е најверојатно затоа што можеби немате опипливи упатства што ве водат низ процесот на вашата дигитализација.

Ако е така, дозволете ни да ве запознаеме со DigComp рамката развиена од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

 

DigComp 2.1Кликнете за да прочитате  

DigComp е официјална рамка на ЕУ за образование и обука на граѓаните на ЕУ за дигитални вештини и ИТ знаење

 Развиена во 2013 година, најновата верзија на DigComp (DigComp 2.1, 2017) наведува вкупно 21 компетенции во 5 области за обука од интерес.

 

Во контекст на овој тренинг модулКликнете за да прочитате  

…првите две области за обука може да бидат од особен интерес за вас. Тие вклучуваат компетенции и вештини кои можат да ви помогнат подобро да се движите низ дигиталниот екосистем (т.е. споделување вкусни рецепти за готвење со вашите пријатели и семејство, видео разговор со вашата внука на колеџ, итн.).

DigComp доаѓа и со 8-слоен модел за знаење на кој можете да се потпрете за да го(само) процените вашиот напредок во секоја од 21-те компетенции на DigComp (страница 12 – 13).


Тестирајте се себе си!



Опис:

Во последните неколку години дигиталните технологии многу го сменија начинот на кој ги користиме производите и услугите од забавната индустрија.

Во контекст на овој модул за обука, ќе се запознаете со вообичаените дигитални услуги за ваше уживање во слободното време - читање книга, гледање филм или слушање на вашиот омилен музичар.

Несомнено е дека услугите како YouTube, Netflix, Audible итн., го променија начинот на кој луѓето го поминуваат времето на Интернет и ги негуваат сопствените интереси/хоби.

Во денешно време, луѓето се навикнати на (удобно) и „брзо“ задоволство, што објаснува зошто таквите услуги имаат таков светски успех и признание.

Овие дигитални услуги ги елиминираат сите бариери за временско одложување од појавата на потреба, до нејзино непосредно задоволување.

Кината, библиотеките, театрите, музеите и слично, се заменуваат со нивните соодветни 2.0 онлајн замени.

Организациите кои припаѓаат на оваа традиционална индустрија (т.е. култура и забава), го следат трендот, бидејќи многу големи технолошки гиганти го направија овој тренд нивна основна дејност, со ризик целосно да ги засени.


Клучни зборови

Споделување на видеа, медиа, комуникација, аудио книги, подкасти


цели / резултати:

До крајот на овој модул, ќе имате можност:
• Да се запознаете со нови ИТ услуги за ваша забава
Читање книги, уживање во музика, повторно гледање на вашиот омилен филм...
Да откриете нови решенија за дигитално плаќање
На сигурен и доверлив начин
• Да го погледнете рамката DigComp 2.1
Официјална рамка на ЕУ за образование и обука за дигитални вештини за сите граѓани на ЕУ


Библиографија